PANTHEON N.E.X.T.
Подгответе се за еФактура и новата генерација на дигитално работење
еФактурата носи значајни промени во начинот на кој компаниите ќе издаваат, примаат, разменуваат и обработуваат деловни документи. На PANTHEON N.E.X.T. 2026 ќе покажеме што овие промени значат во пракса и како PANTHEON се развива за да ги поддржи компаниите во новото дигитално деловно опкружување.
Посебен фокус ќе ставиме на еФактурата и подготовката на компаниите за електронско фактурирање, а преку панел-дискусија ќе ги отвориме клучните прашања поврзани со новиот систем, неговото влијание врз секојдневното работење и чекорите што компаниите треба навреме да ги преземат.
Ќе ги претставиме и новите функционалности во PANTHEON DMS, со кои управувањето со деловната документација станува уште поедноставно – од прием и дигитална размена на документи, до нивна обработка, одобрување, архивирање и поврзување со останатите деловни процеси во PANTHEON. Ќе покажеме како еФактура, DMS, еРазмена, еБизнис и автоматизацијата на процесите се поврзуваат во една целина и овозможуваат помалку рачна работа и поефикасно работење.
Но, PANTHEON N.E.X.T. е и поглед кон она што следува. Ќе ги претставиме новите функционалности и развојни насоки на PANTHEON, како и можностите на дигиталниот асистент AION, кој ја внесува вештачката интелигенција директно во секојдневните деловни процеси.
Конкретни решенија. Практични примери. Нови PANTHEON функционалности. И подготовка за промените што доаѓаат.
КОГА
02 ДЕКЕМВРИ 2026
Почеток во 10.00 часот
КАДЕ
ХОТЕЛ ХОЛИДЕЈ ИН
Сала Милениум
Главна тема на конференцијата
Next-gen eBusiness, eXchanges and digital
Дигиталното работење влегува во нова фаза. Електронското фактурирање, дигиталната размена на документи и автоматизацијата на деловните процеси сè повеќе стануваат дел од секојдневното работење на компаниите. Со овие промени се менува и улогата на ERP системот – од алатка за евиденција во централно место каде што се поврзуваат документите, податоците и деловните процеси.
PANTHEON континуирано се развива во таа насока. еФактурата, PANTHEON DMS, еРазмена, еБизнис и автоматизираните процеси овозможуваат документите да се примаат, обработуваат, одобруваат, разменуваат и архивираат дигитално, со помалку рачни чекори и подобра контрола врз целиот процес.
На конференцијата, преку конкретни сценарија и примери од регионот, ќе покажеме како изгледа ваквото работење во PANTHEON – од приемот на електронски документ и неговата обработка во DMS, до одобрување, евидентирање и понатамошна размена. Ќе ги претставиме и новите функционалности во PANTHEON DMS и можностите за автоматизација кои го намалуваат рачното внесување, го забрзуваат протокот на документи и овозможуваат подобра следливост на процесите.
Целта не е само да се одговори на новите законски и технолошки барања, туку промените како еФактурата да се искористат како можност за поедноставно, побрзо и поефикасно работење.
Програма на конференцијата
Зошто да ја посетите PANTHEON конференцијата
Дознајте што носи еФактурата, како навреме да се подготвите за промените и како новите PANTHEON функционалности можат да ви помогнат да работите побрзо, поедноставно и со помалку рачни процеси. Преку конкретни примери ќе зборуваме за еФактура, PANTHEON DMS, еБизнис, еРазмена, автоматизација и дигитални трансакции од новата генерација.
Истовремено, конференцијата е место за размена на знаење, искуства и нови деловни контакти. На едно место ќе се сретнат повеќе од 350 менаџери, директори, сопственици на компании, партнери и експерти од различни индустрии – одлична можност да размените искуства, да разговарате за реалните предизвици во работењето и да создадете нови деловни контакти.
Дојдете по конкретни одговори, практични решенија и идеи што можете да ги примените во вашето работење.
Предавачи
Експерти од различни области ќе ги претстават најважните новитети во PANTHEON и темите што го обликуваат идното дигитално работење. Фокусот ќе биде на еФактура, новите функционалности во PANTHEON DMS, еБизнис, автоматизација на деловните процеси и практичната примена на вештачката интелигенција преку AION.
Гости
Искуства од прва рака и реални примери од деловната практика. PANTHEON корисниците, партнерите и гостите ќе споделат како ги дигитализираат своите процеси, со кои предизвици се соочуваат и кои решенија им носат конкретни резултати. Посебно место ќе има панел-дискусијата за еФактура, со фокус на промените што ги очекуваат компаниите и подготовката за новиот начин на електронско фактурирање.
Ќе дознаете
Што носи еФактурата и како навреме да се подготвите. Како новите PANTHEON DMS функционалности го поедноставуваат управувањето со документацијата. Како да ги поврзете еФактура, еРазмена и еБизнис со вашите деловни процеси – и каде автоматизацијата и AION можат да ви заштедат време во секојдневната работа.
До конференцијата
Одбројуваме денови,
кога повторно ќе се видиме
дена
:
часа
:
минути
:
секунди
Придружете ни се
Оваа 2026 година ќе се сретнеме во хотел Холидеј Ин
PANTHEON конференцијата од 2004 година е водечки претприемачко-образовен бизнис настан во регионот. Годишно ја посетуваат над 15000 професионалци – менаџери, финансиски и сметководствени раководители, како и раководители на продажба и набавка.
Настанот се организира во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија, и претставува идеална прилика за бизнис состаноци, размена на искуства и создавање нови деловни контакти.
Словенија
24 и 25 Ноември, 2026
Конгресен центар, Термана Лашко
Босна и Херцеговина
18 јуни 2026
Хотел Хилс, Сараево
Хрватска
19 јуни 2026
Хотел Интернешнл, Загреб
Србија
11 и 12 јуни 2026
Сава Центар, Београд
ПРЕТСТАВЕТЕ СЕ
Станете спонзор
Меѓународната PANTHEON конференција од 2004 година ги поврзува експертите, претприемачите, менаџерите, директорите и деловните партнери од регионот. Со повеќе од 12.000 учесници низ годините и над 350 менаџери и директори на настаните во секоја земја, конференцијата претставува место каде се разменуваат знаење и искуства, се презентираат нови технологии и се создаваат нови деловни можности.
Како спонзор на PANTHEON N.E.X.T. 2026, добивате можност да го позиционирате вашиот бренд пред релевантна деловна публика, да ги претставите вашите производи и решенија и директно да се поврзете со сопственици на компании, менаџери, директори, експерти и носители на деловни одлуки.
Зголемете ја видливоста на вашиот бренд, создадете нови деловни контакти и бидете дел од разговорите за иднината на дигиталното работење.
Не пропуштајте
Пријави се на PANTHEON конференција
ЕДНО ЛИЦЕ
5.890 ден.+ддв
РАНА ПРИЈАВА ДО 15.10.2026
4.960 ден.+ддв
РАНА ПРИЈАВА ДО 15.10.2026 ЗА 3 ЛИЦА (2+1 БЕСПЛАТНО)
9.920 ден.+ддв
Влезници за конференцијата:
- редовна пријава 1 лице: 5.890 ден.+ддв
- три лица: 11.780 ден.+ддв (2+1 гратис)
Цената вклучува:
- посета на сите предавања на настанот
- ППТ и видео материјали од настанот во дигитална форма
- две паузи (кафе пауза + коктел ручек пауза + освежување)
Важно за пријавувањето
Полињата означени со ѕвездичка (*) се задолжителни. За секој учесник е потребно да се пополни посебна пријава со неговите лични податоци.
Доколку пријавувате 3 лица од иста компанија, пополнете 3 одделни пријави, по една за секој учесник. Системот ќе ги евидентира пријавите од истата компанија, а еден од тројцата учесници ќе учествува бесплатно. Не е потребно сами да избирате кој учесник е бесплатен – тоа ќе биде пресметано при обработката на пријавите.
Пријавувањето е отворено до 25.11.2026 година или до пополнување на расположливите места.
⚠️ Бројот на места е ограничен. По пополнување на капацитетот, пријавувањето ќе биде затворено и пред наведениот рок.
* Личните податоци што ги внесовте во онлајн формуларот ќе бидат обработени со цел склучување и извршување на договорот помеѓу Даталаб МК д.о.о.е.л (како контролор на лични податоци) и вас. Сите лични податоци ни ги доставувате доброволно. Во случај да не ни ги доставите вашите лични податоци, за жал не можеме да ви обезбедиме пријава и учество на саканата обука, ниту да ве информираме за спроведувањето на обуката и да ви доставиме поврзани материјали. Повеќе за тоа како внимателно ги чуваме вашите лични податоци, прочитајте во нашата Политика за приватност.
** Со ова незадолжително поле потврдувате дека сте запознаени со периодот на чување на вашите лични податоци, фактот дека вашите податоци се обработуваат врз правна основа на согласност и со евентуалното пренесување на вашите лични податоци надвор од Европската економска област. Потврдувате дека сте запознаени и разбирате дека дадената согласност можете да ја повлечете во секое време кај компанијата, писмено на адреса info@datalab.com.mk или телефонски на број 02 3079 231. Исто така, сте запознаени со сите други права од Политиката за приватност, кои ги имате како поединец чии лични податоци се обработуваат. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Дури и ако не дадете согласност, компанијата има право да ги обработува оние ваши лични податоци кои ги обработува врз основа на закон, извршување на договорниот однос или легитимен интерес.